Бајден вчера добил лоши вести: Ќе има неколку дена да размисли за се на мир
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид-19. Дијагнозата тешко дека би можела да дојде во полош момент за Бајден, пишува Politico. Не само што го скрати неговиот престој во Невада, туку се заканува да ја продлабочи внатрепартиската анксиозност и отпорот кон неговата реизборна кампања.
Веста најпрвин беше соопштена на толпата шпанско активисти кои го чекаа говорот на Бајден во Лас Вегас, а не долго откако беше официјално потврдена од Белата куќа. Дијагнозата сигурно ќе ја зголеми загриженоста за возраста, здравјето и издржливоста на Бајден.
Многу демократи веќе го повикаа Бајден да се откаже од трката по неговиот катастрофален настап во дебатата за Си-Ен-Ен. Сега дури и оние демократи кои јавно не го повикаа Бајден да се откаже, но приватно се склони кон таа идеја, би можеле да го зголемат притисокот.
„Тајмингот за ова не може да биде полош. Тоа ги потсетува сите колку години има Џо Бајден“, рече демократ запознаен со внатрешните дискусии во Белата куќа. Паралелно со објавувањето на дијагнозата, ABC News објави дека лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер во приватен разговор му рекол на Бајден дека би било добра идеја тој да се пензионира.
Во тој разговор, Шумер му призна на Бајден дека е загрижен за потенцијалниот пораз на демократите на ноемвриските избори, потврди за Политико човек близок и на Бајден и на Шумер.
Бајден ја паузираше кампањата додека не закрепне од короната. „Болен сум“, напиша Бајден на Х веднаш по напуштањето на Лас Вегас. Необичната објава набрзо се покажа како дрзок трик за собирање финансиски средства, бидејќи на сметката беше објавен одговор кој продолжи: „Ми здодеа од Илон Маск и неговите богати пријатели кои се обидуваат да ги купат овие избори“.
Соочен со постојани критики од некои претставници и донатори, Бајден беше упорен во својата одлука да биде кандидат на претседателските избори. Така, во интервју минатата недела, тој изјави дека само „Семоќниот Господ“ може да го натера да се премисли.
81-годишниот Бајден веќе имаше корона. Пред бавно и донекаде несигурно да се искачи по скалите за да се качи на Air Force One минатата ноќ, Бајден им рече на новинарите дека се чувствува „добро“. Во официјалното соопштение на неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор, симптомите кои првпат се појавиле вчера наутро ги опишал како благи.
Помошниците рекоа дека Бајден ќе се опоравува во својот дом во Рехобот Бич, Делавер. Патем, Бајден ќе исчезне од очите на јавноста во моментот кога Трамп ќе ја претстави својата кампања од сцената на Републиканската национална конвенција во Милвоки.