Свет

(Видео) Запалена зграда во Франција, седум мртви

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција, соопштија пожарникарите.

„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.

Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

To Top