Грција повторно на удар: Затворени се сите археолошки локалитети во Атина
Поради високите температури во Атина затворени се сите археолошки локалитети
Поради високите температури грчкото Министерство за култура соопшти дека сите археолошки локалитети во Атина ќе бидат затворени од пладне до 17 часот.
,,Температурите во земјава се очекува да останат високи денеска, 11-ти ден по ред, а топлотниот бран ќе трае до недела, пренесува Прототема. Вчера поради екстремни температури беше затворен туристичкиот локалитет Акропољ, а одлуката е донесена да се заштитат и вработените и посетителите.”, објави вчера Катимерини.
Надлежните се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција, пишува порталот.