Мицкоски на средба со Зеленски на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон
Од
Објавено на
,,Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.
Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.
Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.