Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски од Србија: Овој настан е доказ за моќта на соработката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
22112024_VLADA-4

„Дозволете ми, од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да ве поздравам на ова значајно случување – саемот „Винска визија на Отворен Балкан“. Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:

— реклама —

Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.

— реклама —

Виното, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ. Тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.

— реклама —

Драги пријатели,

— реклама —

Горд сум што денеска, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија, која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.

Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот.

Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето.

Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена.

Во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот, меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет.

Дополнително, секторот за вино придонесува со три проценти од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците.

Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител.

Почитувани присутни,

Верувам дека овој настан нема само да ја зајакне нашата винска индустрија, туку и дека ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки.

На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на домаќините и организаторите, кои вложија голем труд за да го направат овој настан успешен и да го промовираат Балканот како регион на квалитет, креативност и потенцијал.

Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина.

Ви посакувам успешен саем, многу нови партнерства и се разбира, убави моменти со најдоброто од нашите вина.

На здравје и успех!

Ви благодарам.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски: Владата со нови вонредни мерки, се намалуваат акцизите на горивата, спречен нов раст

Македонија | пред 14 часа

media-library8rka6amil0a94Z35YqE

Филипче: Нема храброст кај Мицкоски да признае дека погрешил

Македонија | пред 1 ден

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 3 дена

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Премиерот со критика за академската заедница: „Не може да се тоне и да не се бара решение“

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања