Магазин

Лав го уби својот сопственик

Лав стар девет години го убил својот сопственик во село во источниот дел на Чешка, соопшти локалната полиција.

Мажот одгледувал два лава, двегодишна женка и мажјак, без неопходна ветеринарна лиценца и во затворена просторија изградена без дозвола.

Таткото на сопственикот на лавовите ја повикал полицијата откако го видел неподвижното тело на својот син во живеалиштето на лавовите. Полицијата морала да ги застрела двете животни, а претстaвник на локалната полиција потврди дека 34-годишниот сопственик на лавот е мртов и оти во тек е истрага за инцидентот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток