Свет

Украинската армија уништи 35 руски беспилотни летала

Русија го изврши својот петти напад со беспилотни летала врз Киев во изминатите две недели, а украинската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана ги уништиле сите беспилотни летала пред да стигнат до главниот град на Украина.

Во соопштението на украинските воздухопловни сили и силите за противвоздушна одбрана објавено на каналот Телеграм, се наведува дека системите за противвоздушна одбрана уништиле 35 од вкупно 39 нападни беспилотни летала лансирани од Русија синоќа, пренесува Ројтерс.

Се додава дека нема пријавени жртви или непосредна материјална штета.

Шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко, оцени дека руските сили тестираат нови тактики, бараат нови приоди кон главниот град на Украина и се обидуваат да ги откријат локациите на украинските системи за противвоздушна одбрана.

На почеток