Агим Крсничи екстрадиран и вратен во затвор: има уште три години за издржување
По четири години бегство, Агим Красничи е вратен во затвор. Во четвртокот бил екстрадиран од Косово, а заедно со него пристигнал и Сехат Рамадани кои се осудени за повеќе кривични дела поврзани со тероризам, киднапирање, изнуда , насилство. Красничи е сместен во штипскиот затвор, каде ќе треба да одлежи уште три години затвор од вкупно 15те на кои беше осуден.
Красничи беше во затвор од 2008 година, каде отслужуваше 15 години затвор. Одлежа 12 години, а му остануваат уште 3 години. Осуден е за нерегуларности и предизвикување на неправилности на избори, злосторничко здружување, неовластено поседување оружје и други дела. Крсничи е познат и како водач на кондовската група, која ја сочинуваа седум членови.
Засега ништо не навестува за негова екстрадиција. Одреден му е 48 часовен притвор, заедно со останатите уапсени. За нивна екстрадиција е рано да се одлучува, бидејќи прво треба да одговараат за делата кои таму ги сториле.