Левица: Тежок криминал во ,,Кромберг и Шуберт” врз грбот на работниците
,,Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот германски гигант во Македонија долго време функционирал беспрекорно.”, велат од Левица и додаваат:
Моментално се отпуштени неколку лица од директориумот и се под строг финансиски претрес поради ПРОНЕВЕРА на финансиски средства, кои требало да завршат кај вработените како бонус. Овие лица криминално се богателе, додека работниците на пеколни температури се масовно експлоатирани, дискриминирани и оштетени за профитот на поединци.
Финансиската полиција започнува да врши истрага за сите инволвирани кои го изработувале финансискиот дел за вработените во Битола, Скопје и Србија. Информациите кои пристигнаа до нас тврдат дека се вршела проневера на пари преку хотелиерски услуги, помеѓу склучени договори за престој на вработени во фабриката во Скопје кои доаѓале од Битола.
Претходно, Левица испрати претставка до Трудов инспекторат поради дојави за кршење на работничките права, каде вработените беа приморани да работат повеќе од законски дозволеното. Ја информираме јавноста дека по завршувањето на истрагата, граѓаните ќе имаат информација, со име и презиме, кој се богател врз потта на обичниот работник.