Свет

Руското Министерство за одбрана тврди: Армијата синоќа собори 75 украински беспилотни летала

Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија 75 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Дежурните системи за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 47 беспилотни летала над Ростов, по еден над регионите Белгорд, Воронеж и Смоленск и осум над провинцијата Краснодар, пренесува РИА Новости.

Соборени се 17 дронови над водите на Црното и Азовското Море, се наведува во соопштението.

На почеток