Намерно предизвиканиот пожар во близина на Трогир изгаснат, пироманот уапсен
По четири дена пожарот кај хотелот Медена кај Трогир е изгаснат и пожарникарите денеска ќе се повлечат од таа локација, изјави командирот на противпожарната единица на сплитско-далматинската жупанија Иван Ковачевиќ.
,,На местото на пожарот нема чад и оган и сега се е во ред“, рече Ковачевиќ и најави дека пожарникарите во текот на денот ќе го напуштат местото на пожарот, пренесе Хина.
Пожарот намерно го предизвикал 35-годишен хрватски државјанин кој бил уапсен.
Тој со запалка го запалил огнот на две места, кој во четвртокот вечерта се разгорел во пожар кој се заканувал со катастрофа, приближувајќи се до блискиот станбен комплекс каде имало туристи.