🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Славески: СДСМ сака владините претставници на следното патување да одат еден месец со брод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
slaveski

,,Опозициската СДСМ протестира зошто премиерот и неколку владини министри на неодамнешното патување во САД со авион користеле бизнис класа.

— реклама —

Можеби сакаат високите владини претставници на следното патување преку океанот да патуваат еден месец со брод од италијанското пристаниште Џенова, откако претходно со воз втора класа би пристигнале до брегот на Италија.

Не сум сигурен дека ваквото патешествие би било поефтино за македонските даночни обврзници.

— реклама —

Сигурно во Владата, од некој претходен состав, постои правилник со кој е уредено кој може да користи бизнис класа при патување со авион, и под кои услови. Тоа од СДСМ не го кажуваат.

Многу е веројатно, а така било и во минатото, високи владини функционери да може да патуваат со бизнис класа на прекуокеанските летови.

Престојот, конкретно во САД, каде што покрај институциите на американската влада се наоѓаат седиштата на ООН, Светска банка, ММФ и други значајни меѓународни институции, според однапред утврден план и насочен кон постигнување одредена цел од интерес за државата, вообичаено трае неколку дена.

Не се тоа туристички патувања, затоа што обврските дома постојано притискаат.

Вообичаено, за САД се лета од некој од поголемите западноевропски аеродроми, или од Истанбул. Се пристигнува истиот ден меѓу 15:00 и 16:00 часот, по локално време на источниот брег - Њујорк или Вашингтон, што значи доцна навечер околу 22:00 часот по централноевропско (наше) време.

По правило, првите средби, состаноци, конференции и сл. се закажани непосредно по слетувањето во периодот 17:00-18:00 часот по локално време. Од аеродромите Кенеди, Далс или Њуарк се оди директно на состанок.

За да можат нашите претставници да бидат продуктивни уште од првиот ден по пристигнувањето на крајната дестинација, неопходно е да патуваат со бизнис класа.

Впрочем, овој оддел во авионите, каде што навистина се плаќа два до три пати повисока цена од “економи” класата, е наменет токму за таков тип на клиентела која во ограничен временски период треба да оствари амбициозна агенда, во интерес на некоја компанија или државен интерес.

Погодностите сврзани со приоритет при чекирање и влегување во авион, можноста за засолнување од гужвите по аеродромите во посебни простории (салони) додека се чека за влегување во авионот, а најмногу колку-толку заштитата од постојан плач на деца за време на летот, се вредни за цената што се плаќа.

Дополнително, за време на летот може нешто и да се сработи, вклучително и подготовки за предвидените настани.

Се разбира, доколку сакаме нашите функционери да остварат максимум од секое патување надвор со прекуокеански лет ќе мора да се согласиме дека за тоа треба да им се обезбедат одредени погодности за време на службените патувања.

Сето друго е гол популизам!”, напиша Трајко Славески, претседател на Советот на град Скопје и член на ВМРО- ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Настани | пред 1 седмица

nbrm

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Македонија | пред 5 месеци

trajko-slavevski-pretres-1

Трајко Славески избран за нов гувернер

Македонија | пред 6 месеци

slaveski1

На Славески му требаат 61 глас за да седне во гувернерската фотелја

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања