Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, авионот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

ВМРО-ДПМНЕ: Ако толку многу Османи и Ковачевски создале пријателства низ ЕУ зошто никој не ја замолува Бугарија да нема вето и го напушти состанокот кога ќе се гласа за почеток на преговори

,,Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и Радмила Шекеринска како министерка за одбрана, но не остануваа покусо и другите функционери на СДСМ да го користат хеликоптерот.

Функционерите на СДСМ не само што за низ Македонија го користеа хеликоптерот, се луксузираа и што вели народот за наваму натаму и со владиниот авион.

Функционерите на СДСМ не сопираа тука. Тие трошеа за низа непродуктивни патувања, патувања кои резултираа со блокирање на Македонија на секое поле.

Сега ситуацијата е сосема поинаква. Средбите се со цел и се во полза за Македонија и граѓаните. Или за овој период има околу 20 средби, а истите резултираат со отворање на патот за граѓаните и Македонија во подобра насока. Или само за овој период има три инвестиции кои ќе го зголемат стандардот.

Колку за илустрација само на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, Румен Радев, претседател на Бугарија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток