(Видео) Утре, „Досие Идризово“: Судбини на затворенички, ќелии, приказни, соочување со стореното и интервју со Катица Јанева

Од
Објавено на

Утре (среда, 24) јули, во дел од „Досие: Идризово“ за првпат ќе ѕирнеме во ќелиите на жените во затворот. Солзи, шок, броење на часови и минути.
Судбини, приказни, соочување со стореното. Ова е само дел од тоа што го забележаа нашите камери. Но и лоши услови, валканици..
Ексклузивно, за првпат по пет години, пред нашите камери застана ексобвинителката Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“. Кој и ја предвиде иднината и дали и кажа што ќе и се случи?
Не пропуштајте, 21 часот на јутуб-каналот prvatvmk (бесплатно стиснете subscribe за да нѐ следите) и на pretres.mk.
