Силен земјотрес ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Македонија

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу три часот по локално време ја погоди Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 6,1 километри.
Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и Србија.
