Уапсен осомничен за предизвикување пожар во Подгорица: Пожар избувна поради огномет
Пожарот што синоќа го зафати ридот Горица во Подгорица бил локализиран околу еден часот утринава, неофицијално дознава „Вијести“.
При гаснењето на пожарот во Подгорица во Црна Гора, кој најверојатно бил предизвикан од огномет, полесно се повредени двајца мажи.
Огнот зафатил поголем дел од површината, како и шумите. Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување на главниот град, Здравко Блечиќ синоќа изјави дека пожарот најверојатно бил предизвикан од огномет.
Заменик-градоначалникот на главниот град Лука Ракчевиќ во објава на својот Инстаграм профил рече дека „првиот дел од пожарот, кој беше забележан во 21:00 часот во близина на врвот на платото Горица, најверојатно бил предизвикан од невнимателно палење огномет“.
„По тој повод одредени лица се лишени од слобода и предадени на обвинителството. И токму кога успеавме да ја одбраниме дабовата шума, чие зафаќање би имало далекосежни последици, избувна уште еден пожар, на околу 300 метри од сите жаришта кои тогаш беа активни, што, за жал, укажува на ново чин на подметнување“, рече Ракчевиќ, пренесува News.
Тој нагласи дека истрагата ќе се води во соработка со Управата на полицијата. Ракчевиќ рече дека при гаснењето на пожарот полесно се повредени двајца мажи.
„Благодарение на напорите на сите, особено на Јасна Гајевиќ и Здравко Блечиќ, претходните месеци од Горица отстранивме и однесовме повеќе од 1.300 кубни метри суви опожарени дрвја. Да останеше на ридот, како што е со години (од последниот голем пожар), вечерашните активности ќе беа неспоредливо потешки и се плашам дека ќе потрошевме денови за гаснење на пожарот“, рече Ракчевиќ. .