Свет

Хаос во Русија: Повеќе повредени

Две лица се повредени утринава во експлозија на автомобил во дворот на куќа на северот на Москва, соопшти Рускиот истражен комитет.

„Во врска со инцидентот што се случи на улицата Синавинскаја во Москва, во кој беше оштетен автомобил, а беа повредени неговиот сопственик и сопатник, покрената е кривична постапка“, се наведува во соопштението за печатот, пренесува РИА Новости.

Се истакнува дека истражителите и криминолозите ќе спроведат истрага на местото на инцидентот.

To Top