Целосно изгаснат пожарот на Серта

Од
Објавено на

По тринаесет дена борба со огнената стихија пожарот кај Серта е целосно изгаснат, информираше Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица Неготино.
,,Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини”, напиша Атанасов.
Упати благодарност и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.
