Свет

Ден на жалост во Дарувар, на убиецот му се заканува казна затвор од 50 години

Во Дарувар е ден на жалост за убиството на шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева. На убиецот од Дарувар му се заканува максимална казна затвор од 50 години, јавува Н1 Загреб.

Денот на жалост се одбележува со спуштање на знамето на Република Хрватска и градот Дарувар на половина копје на зградата на управата на Дарувар, зградите на институциите во областа на градот Дарувар и на зградите на другите институции, здруженија и клубови кои имаат истакнато знамиња, пренесува N1.

Денеска се одржа рочиште за осомничениот убиец од Дарувар.

Како што дознава Регионалниот портал Bjelovar.live, на убиецот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Дубровник на обвинетиот му одреди мерка притвор во траење од еден месец поради ризик од влијание врз сведоците и ризик од повторување на делото.

Мотивот на ова невидено злосторство, кое го потресе не само Дарувар, туку и цела Хрватска, најверојатно биле парите. Имено, убиецот, воен полицаец во пензија, имал пензија од околу 780 евра, а пензија земала и неговата мајка, но бидејќи таа не била доволна за сместување во домот, морал да го плати остатокот, пишува Мојпортал.хр.

Наводно, деновиве му се јавил сопственикот на домот за да го потсети дека не и платил за домот на мајка си, што требало да го плати на почетокот на месецот.

На почеток