Свет

(Видео) Експлозија на автомобил-бомба во Москва: Ранет руски разузнавач, останал без стапало

Експлозија на автомобил-бомба во северниот дел на Москва повреди вработен во руската воена разузнавачка служба и неидентификувана жена, објави весникот „Комерсант“.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при детонација на неидентификувана направа се повредени две лица и дека е покрената истрага.

Автомобилот Тојота Ленд Круз експлодирал набргу откако разузнавачот и неименувана жена влегле во возилото, јавуваат руските медиуми со снимката од експлозијата.

Комерсант, еден од водечките руски весници, пишува дека повредениот работел во главната управа на руската разузнавачка агенција ГРУ.

Државната новинска агенција ТАСС пишува дека во експлозијата маж останал без стапалото, а неговата сопруга загинала.

Безбедносната камера го снимила моментот на експлозијата.

To Top