Македонија

На патот Демир Капија-Неготино пронајден арачиновец по кого трагала полицијата

Во попладневните часови на вчерашниот ден, на патот Демир Капија-Неготино, кај клучката Прждево, полицајци запреле автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Г.М. од скопското село Арачиново.

Во „голфот“, сопственост на трето лице, како сопатник патувал и Љ.А. (25), исто така од Арачиново.

По извршената проверка, било утврдено дека Г.М. се наоѓал на листата со мерка „приведи“ по што, тој бил уапсен, а автомобилот одземен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток