Македонија

ЦУК: Вкупно 18 пожари на отворен простор, има само еден активен, пет се под контрола и 12 се изгаснати

Имало вкупно 18 пожари на отворен простор од коишто има само еден (1) активен, пет (5) се под контрола и 12 се изгаснати, во последното деноноќие.

Има еден (1) активен пожар во Општина Македонски Брод, кај с.Тажево, близу ЈП„Јасен“. Од утрово дејствувањето продолжи, со тоа што прво се извидиваше, бидејќи од вчера вечерта, имаше на тој предел многу густа магла со чад на просторот токму каде што треба да се дејствува.
Денеска, (четврток25.07.2024 година) пожарот на територијата на Јавно претпријатие за управување и заштита а повеќенаменското подрачје „Јасен”, популарно именувано „Ловиштето Јасен“ е целосно изгасен. Вработените во „Јасен“ подржани од два воздухоплова од МВР од 08.00 часот работеа на негово целосно догасување, дури и во делот на внатрешното согорување на трупците и опожарените дрвја. Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски брод. На тој потег кај с.Тажево, од страна на Градоначалникот на Македонски брод е вклучена и една градежна машина што работи на правење на просеки кон селото Тажево. Се уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид (локација каде што се репетиторите) кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола. Сите други пожари на територијата на Државава се изгаснати. Во моментот нема активни пожари.

Под контрола се пет (5) пожари на отворено, во:
-Општина Долнени : с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила (мешана шума и ниска вегетација); Општина Долнени, с.Небрегово (нискостеблеста шума); Општина Штип, Криволак кон с. Пенуш (ниска вегетација); Општина Штип, с.Селце и с.Драгоево (мешана шума) и во Општина Делчево, согорува градска депонија кај Делчев о (депонија).

Изгаснати се 12 пожари на отворено, во:Општина Ново Село, во селото Ново Село (сува трева, балирана слама и 4 куќи); Општина Чашка: с.Ореше, м.в.„Орешка Чука“, префрлен пожар од кај с. Гостиражни, Општина Прилеп (каде што голела мешана шума и ниска вегетација); Општина Чашка: с.Габровник и с.Мокрени (мешана шума и ниска вегетација); Општина Свети Николе, с.Пиширово (ниска вегетација); -Општина Кавадарци: с.Дреново (дива депонија); Општина Пласница: с.Пласница м.в.Стромол (мешана шума); Општина Македонски Брод: с.Девич (мешана шума); Општина Старо Нагоричане: Бајловце (ниска вегетација); Општина Петровец; с.Катланово (ниска вегетација); Општина Зелениково;с.Ново Село (ниска вегетација); Општина Аеродром: ул.Божин Николов (ѓубре) и во Општина Крушево кај с.Светомитрани (каде што горела депонија).

To Top