Македонија

Почина Анета Ѓошевска

Вчера доцна попладне, почина Анета Ѓошевска.

Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година.
Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.

Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија. 

Посмрните останки ќе бидат изложени денес во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.

To Top