Македонија

Повторно активиран еден крак од пожарот кај Јасен

,,Сношти и утрово, а и до сега, во предел на пожрите кај с. Тажево и ЈП „Јасен“ – заштитеното повеќенаменско подрачје, имаше малга помешана со чад, од којашто покрај тоа што се немало прегледност, не било безбедно да се дејствува по земја. По дигањето на маглата и појава на ветер, се створија услови за распоредување на 30-те припадници на специјалните сили на МВР, но се појави огнот на дел оод кракот повторно којшто беше изгаснат во „Јасен“.

Воздухопловите утрово беа префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод.

Инаку, по планот на Главниот штаб при ЦУК, специјалците е предвидено да се во линија за дејство кон сртот на Тажево, кон репетиторот и кога Ќе стасаат и заштитна планираната линија е потребно да стапат во контакт и комуникација со лицето за координација за дејство по земја.

Додека, специјалците од МВР го изведуваа маневарот за распоредување според планот, припадниците на Армијата се движеа кон зборното место кај репетиторите во Тажево и откако втасале за кратко се распоредени и се вклучени во гаснењето заедно со вработените на „Јасен“, според специфичноста на теренот и условите за гаснење на пожарот. Од ЈП „Јасен“ известија дека има еден крак од пожарот, што во моментот е повторно активиран, при што предложија армиските припадници да се поделат во два дела, Притоа, едниот армиски дел да помогне во активностите на справување со кракот кон Тажево и Брезница а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак.

Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК, согласно глобалните планирани активности утрово и согласно моментните ситуации после расчистувањето на маглата во реонот за дејство по пожарот кај с.Тажево и повторното активирање на дел од изгасениот пожар во „Јасен“”, информираат од ЦУК.

To Top