Свет

Најмалку 21 лице почина за 24 часа поради топлотен удар

Америка погодена од топлотен бран: најмалку 13 лица загинаа како последица на екстремни горештини, метеоролозите велат дека допрва следуваат пеколни температури

Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар, бидејќи земјата беше погодена од топлотен бран со температури кои достигнаа 48,3 степени Целзиусови во централниот дел на земјата.

Мароканското Министерство за здравство соопшти дека во средата во градот Бени Мелал, во централниот дел на Мароко, починале 21 лице и истакна дека ова е шеста година на суша во таа земја, пренесува Фигаро.

Најголем дел од починатите имале хронични заболувања и главно се работи за стари лица.

Рекордна температура во Мароко за време на овој топлотен бран е забележана во вторникот во градот Казба Тадла, северно од Бени Мелал, каде е измерена температура од 48,3 степени.

Според прогнозата на метеорологот во следните денови во Мароко се очекува пад на температурите.
Во главниот град на Мароко, Маракеш, во четвртокот се забележани 45 степени, а во недела се очекуваат 10 степени помалку.

На почеток