Тошковски седна со премиерот на Србија: Тие се сосед кој е секогаш тука за нас


„Како дел од посетата на Република Србија денеска остварив средба со премиерот Милош Вучевиќ“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:
„На средбата изразив благодарност за одвоеното време и топлиот прием и потенцирав дека Србија е сосед кој е секогаш тука за нас кога е потребно што многу пати во минатото е потврдено, а особено неодамна кога беше испратен српски хеликоптер да помогне во гасењето на пожарите. Исто така посочив дека соработката меѓу двете држави е на одлично ниво и само ќе се продлабочува во иднина.
Од страна на премиерот Вучевиќ беа упатени честитки за изборот на новата Влада и посочи дека ваквите средби се од големо значење за негување на одличните односи меѓу двете земји.
Воедно потенцираше дека Србија е земја која нема ниту едно отворено прашање со нашата држава и во тој контекст секогаш ќе бидат наш поддржувач на секое поле, особено на евроинтегративниот пат. Исто така го поздрави и назначувањето на министер од српската заедница во македонската Влада, оценувајќи го како потег значаен за Србија во негувањето на традиционално добрите односи“.
