Скопје

Петмина малолетници нападнати од врсник и 24-годишен скопјанец: среде трговски пробале да ги ограбат

На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик.

To Top