Свет

Трамп најави уште еден митинг во Батлер – градот во кој беше направен обид за негов атентат

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што имаше обид за негово убиство на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, Пенсилванија, на големо и убаво рели“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот на средбата, а деталите ќе ги соопшти наскоро, пренесува Ројтерс.

Обидот за убиство на поранешниот претседател го изврши Томас Метју Крукс на предизборен митинг во Пенсилванија на 13 јули.

Трамп потоа беше ранет во десното уво, еден од присутните на митингот беше убиен, додека други двајца беа ранети.

To Top