(Видео) Во Калифорнија беснее голем пожар: Ситуацијата се влошува, уапсен е 42-годишен маж
Пожарникарите продолжуваат да се борат со огромниот шумски пожар што беснее во северна Калифорнија, при што условите стануваат сè потешки бидејќи ветровите се засилуваат и температурите се зголемуваат, соопштија властите. Пожарот што избувна недалеку од градот Чико изгоре повеќе од 144.500 хектари земја, беше соопштено вчера попладне.
More video of the #ParkFire from above shows what crews are up against. 1,100+ firefighters battling on the ground and in the air. More than 71k acres burned so far. 3% containment. Latest updates on @nbcbayarea at 4:30, 5 & 6. pic.twitter.com/VCkaLs9jsn
— Sarah Klieves (@sarah_klieves) July 25, 2024
Шефот на пожарникарите Били Си истакнува дека ова е седми најразорен пожар во историјата на таа американска сојузна држава на западниот брег. Во саботата, благодарение на послабите ветрови и ниските температури, пожарникарите ставија под контрола 12 отсто од мегапожарот, но условите се влошија еден ден подоцна.
Пожарот досега принуди евакуација на 4.200 луѓе од округот Бут и продолжува да гори во планинска област на околу 145 километри од Сакраменто. Во гаснењето на пожарот учествуваа околу 4.000 луѓе, со помош на противпожарни апарати и булдожери, при што беа уништени или оштетени 67 куќи. Засега нема извештаи за жртви.
Чико се наоѓа на 25 километри од градот Paradisea, град кој во 2018 година беше опустошен од најсмртоносниот пожар некогаш регистриран во Калифорнија, кога животот го загубија 85 луѓе. Во четвртокот полицијата уапсила 42-годишен маж осомничен дека го подметнал пожарот.
Park Fire, California's largest wildfire this year….
Was actually started by a 42-year-old man who has now been arrested.
Sorry dckheads but you don't get to start with the asinine "Climate Change!!😖😩" bullshit this time!!
Y'all know they do this on purpose right? pic.twitter.com/6gm1I6oav7
— SaltyGoat (@SaltyGoat17) July 25, 2024