Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните

ВМРО-ДМПНЕ: СДС да го повикаат Шолц, претседател на нивна сестринска партија, како што го убедил Орбан да излезе од состанок на кратко истото да го направи и со Бугарија и Македонија да почне преговори

,,СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните. Партиски паноа, флаери, партиски билтени, пропаганден материјал е сликата која е затекната во Владата.

Се принтале материјали, се складирале партиски летоци во зградата на владата, но важно Заев и Филипче кога беа дел од извршната власт ја тргнаа оградата и наводно ја отворија владата. Но зад оградата пустош. Си правеле тендери чии датуми ги антидатирале.

Јавен повик за доделување на финансиска поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за кое водството на владата од СДС треба да одговара.

Партиски флаери низ државни канцеларии. СДС брутално ја злоупотребиле позицијата и државните ресурси. За ова мора да има одговорност. Ограбената држава е најголемото достигнување на СДС.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток