Македонија

Кривична пријава против Бектеши, правел притисок врз полициски началник за време на изборите

Незабележително помина веста од полицискиот билтен од 25 јули, 2024 година каде се вели дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за кривично дело „попречување на правдата“.

Според информациите, осомничениот е поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој е обвинет за сериозно дело со минимална казна од 1 година затвор и максимална која може да достигне до доживотен затвор во случај на сериозни последици.

Билтенот на МВР од 25 јули напиша:

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“, се вели во извадокот од МВР.

На почеток