Македонија

Граѓаните поголема цена на струја нема да плаќаат за наредните шест месеци, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција изјави дека цената на струјата до крајот на годината нема да се покачи, туку напротив истата може да биде намалена.

„И во делот на енергетиката со министерството за финансии заедно со претседателот на РКЕ и другите членови на енергетскиот совет во владата во текот на јуни ќе разговараме за новиот модел. Јас од денес можам да им кажам на граѓаните дека тие нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, тоа сите заеднички ќе го дефинираме во склоп на енергетскиот совет, а граѓаните поголема цена на струја од постоечката нема да плаќаат за наредните шест месеци, значи од 1 јули па до крајот на годината.

Ние имаме други механизми со кои можеме да им излеземе во пресрет на граѓаните и ако зборуваме само за тие осум отсто јас од денес гарантирам дека тие осум отсто ќе бидат намалени ако треба во други параметри во утврдување на цената, но тоа не значи дека само осум отсто ќе се намалат. Може и повеќе од осум постои и денес јавно кажувам дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја од ова што е претходно, туку ќе биде спротивното, ќе плаќаат помалце од тоа што моментално го имаме. Како ќе биде моделот треба сите заеднички да седнеме и да разговараме. Како што сум информиран од претседателот на РКЕ тие веќе направиле одредени анализи, до овој момент не сум имал можност да ги разгледал и другите членови на владата, откако ќе ги разгледаме ќе ја информираме јавноста“, вели тој.

На почеток