Македонија

Нагло се намалува инфлацијата во Македонија, мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи нема да продолжи, вели Бектеши

На 31 мај завршува одлуката за замрзнување на цените во земјоделието. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека мерката нема да продолжи.

„Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи имајќи во предвид дека согласно податоците кои ги имаме како министерство за економија повеќето од производите се и пониско од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно. Ако во случај од денот кога нема да важи таа одлука има злоупотреба од страна на трговците, ние на дневна база ја следиме ситуација и секако дека ќе следат различни мерки.

Важно е да се напомене фактот дека нагло се намалува инфлацијата во Македонија, особено во делот на прехрамбените производи и очекуваме во јуни да имаме пониска инфлација од 10%, а секако да бидеме во склоп на тоа што е проектирано од страна на министерството на финансии и народната банка, иако согласно последните податоци мислам дека ќе бидеме под нивото на тоа што е проектиран како инфлација за оваа година.

Во делот на различни мерки секако дека ние на дневна база ги правиме тие анализи и секогаш може да се усвојат. Тоа ќе го направиме секако во соработка со стопанските комори“, додаде тој.

To Top