Македонија

(Видео) Пожарите зедоа прва жртва: маж почина во кумановско, 17 жаришта се активни

Директорот на Центарот за управување со кризи попладнево информираше дека како последица на пожарите кои безнеат на територијата на земјава почина едно повозрасно лице од кумановско Кокошино.

Сопругата на починатото лице, како што рече Стојанче Ангелов, е успешно евакуирана.

На територијата на државата денеска има вкупно 42 пожари на отворено, од кои 17 се активни, а четири се под контрола.

Во Општина Куманово со пожар се зафатени три села, и тоа Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има главно викендици, а изгорени се неколку стари куќи.

Во Општина Старо Нагоричане се зафатени село Малотино, Руѓенце и Коњу, каде што има малку жители и има стари куќи.

Денес (понеделник) 29.07.2024 година на територија на цела држава има вкупно 42 пожари на отворено и шумски пожари, од кои 17 се активни, 4 се под контрола и 21 е изгаснат.

АКТИВНИ ПОЖАРИ: 17

– Општина Куманово: с.К’шање – с.Кокошиње;

– Општина Старо Нагоричане 1: с.Руѓинце, с.Коњух;

– Општина Свети Николе 1: с.Малино;

– Општина Свети Николе 2: с.Орел – с.Немањици;

– Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;

– Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен;

– Општина Кочани: с.Главовица;

– Општина Прилеп: с.Радобил;

– Општина Долнени: с.Секирци;

– Општина Свети Николе 3: с.Делисинци;

– Општина Старо Нагоричане 2: с.Малотино;

– Општина Липково 1: с.Отља – с.Липково;

– Општина Липково 2: с.Никуштак;

– Општина Ново Село: Смоларски Водопади;

– Општина Струга: с.Велешта;

– Општина Чашка: с.Оморани, м.в.Мукос;

– Општина Прилеп: Маркови Кули;

ПОД КОНТРОЛА: 4

– Општина Штип: с.Црешка;

– Општина Делчево: Депонијата која тлее во внатрешноста и нема опасност од проширување;

– Општина Демир Хисар: Илинска Планина помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе;

– Општина Пробиштип: с.Горно Барбарево кон с.Стрисовци;

На почеток