(Видео) Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад

Од
Објавено на

Во текот на вчерашниот ден, целосно изгоре видиковецот и реновираната платформа за набљудување на Смоларскиот водопад која беше пуштена во упореба пред еден месец.
Пожарот избувнал вчера околу 18 часот, по што брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон планината Беласица
Градоначалникот на Ново Село информираше дека се забранува пристап до водопадот заради безбедносни причини.
„ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни возила и шест пожарникари на местото на пожарот. Успешно беше спречено неговото ширење кон околната шума и прераснување во поголем шумски пожар, стои во информацијата од струмичките пожарникари“.
