Македонија

Нема да има исплата на „Мој ДДВ“ – новата директорка на УЈП кажа до кога

Директорката на УЛП, Елена Петрова, вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата на парите од „мој ДДВ“. Таа вели дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије.

„Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, средствата што во Буџетот за 2024 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие исплати за цела 2024 година, па треба да се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот“-објаснува Петрова во интервјуто за „Република“

На почеток