Директорот Николовски одржа средба со царинскиот офицер за врски на Република Германија
Зајакнување на капацитетите за царински контроли, во насока на подобрување на безбедноста на границите и сузбивање на криминалот и корупцијата, беа дел од главните теми на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и Фалк Шрајбер, царински офицер за врски на Република Германија. Фалк Шрајбер покрај за нашата држава, како царински офицер за врски задолжен е и за Бугарија и Романија.
За време на состанокот потенцирана беше успешната соработка помеѓу Царините на двете земји, особено во делот на истрагите и царинските контроли, како и во делот на обуки и подобрување на стручноста на човечките капацитети во службата.
„Добрата соработка и помошта што Царинската управа ја добива од германската Царина е од големо значење. Во периодот што следи максимално ќе се фокусираме на борбата против организираниот криминал, шверцот и подобрување на мерките во борбата против корупцијата“, истакна директорот Николовски и изрази подготвеност за продлабочување на соработката преку непосредна комуникација и размена на искуства, што ќе ни помогнат во унапредување на службата.