Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Н.Е Лариса Дир
Денеска (30.07.2024) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир.
Од страна на амбасадорката Н.Е. Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период. Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.
Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.
На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.