Македонија

Има оперативни информации кај е Груби, објави Тошковски

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите. Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски. Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство. Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето“, вели Тошковски.

Груби ја напушти Македонија во средината на декември.

На почеток