(Видео) Бехтел ЕНКА: Одгворивме на молбата на Македонија пат со чистење на снег на патот кој води кон Маврово


На 16 јануари 2025 година, Бехтел ЕНКА позитивно одговори на молбата на Македонија пат да помогне во расчистувањето на патот од натрупаниот снег околу Мавровското езеро.
Тимовите за опрема и земјени работи на Бехтел ЕНКА ги мобилизираа грејдерите и операторите да ги расчистат патиштата кај Мавровското езеро како поддршка на жителите, бизнисите, туристите и скијачите, со што им овозможија на жителите и бизнисите од оваа област безбеден пристап до ова туристичко место а и да работат на побезбеден начин.
Екипата на Бехтел ЕНКА го расчисти снегот и повторно го направи патот возен околу Мавровското езеро долг 20 километри, спречувајќи понатамошно блокирање на патиштата и овозможувајќи им на сите да си ги вршат секојдневните активности и работи.
Посветеноста на Бехтел ЕНКА за безбедноста на заедниците долж трасата е вградена во визијата и вредностите на Културата на грижата кои се столбот на нашиот тим, грижата за луѓето и заедниците каде што работиме.
