Тимови и механизација на Бехтел ЕНКА го гаснеа пожар на депонијата во Прилеп со комуналното претпријатие
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Прилеп со помош на механизацијата од „Бехтел ЕНКА“ успешно го изгаснаа пожарот на територија на општинската депонија која гореше на почетокот од неделава.
Тимовите на Бехтел ЕНКА за земјени работи во Делница 4 мобилизираа натоварувачи, багери, дозери и оператори за работа и достава на ископаниот почвен материјал како поддршка на тековните мерки кои се извршуваат под надзор на раководството на Јавното комунално претпријатие.
Со достава на почвен материјал од ископните работи на трасата меѓу Прилеп и Битола, Бехтел ЕНКА помага во гаснењето на пожарот на начин кој што спречува прекумерно искористување на водните ресурси на тој простор.
Во колективен напор, тимот на Бехтел ЕНКА направи и поширок пат за да го направи срцето на пожарот попристапно за прилепската противпожарна бригада и истата да може да работи соодветно во справувањето со овој пожар.
„Бехтел ЕНКА е и останува посветен на здравјето и безбедноста на заедниците, кои се вградени во вредностите на компанијата за култура на грижа, грижата за луѓето и заедниците каде што работиме како што и докажуваме преку нашите акции за поддршка на превенцијата и сузбивањето на пожари“, велат од компанијата.