Македонија

Тошковски: МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани

,,Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.” напиша Панче Тошковски, министер на внатрешни работи.

Денес маж од радовишко беше лишен од слобода затоа што подметнал пожари.
На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч. На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш било пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

На почеток