Македонија

Митева: Лага врз лага се изјавите на СДС, ниту синот Иванов, ниту пак сопругата на Илиевски, се назначени за надзор во МЕПСО

,,КАКОВ БЛАМ! ЛАГА ВРЗ ЛАГА!
Еве го вистинското лице на СДС!!!
Секој збор искажан на пресконференциите на СДС е лага и конструкција од невидени размери. Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација. Заврши вашето време, со тоа заврши и уништувањето на институциите.

Ниедна лага нема да ви помогне да излезете од мизерниот круг во кој се наоѓате. Каков политички блам треба да дозволиш да ти се случи за да измислуваш вакви работи. Толку разбирате како се гради кредибилитет во јавноста, залуден ви е и нов пи-ар кога матрицата е иста.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток