Мицевски: Исплашени дека ќе одговараат за душманското трошење на народните пари СДС секојдневно пласираат нови лаги
,,Нова БРУКА и нов СРАМ од кујната на опозициската „партија“ СДСМ!!! Штом отворат уста, бесрамно и дрско лажат.
Исплашени од обзнанувањето на нивните криминали и душманското трошење и крадење на народните пари, СДСМ и нивната гласноговорничка Кузеска очајнички се обидуваат да пласираат нови лаги и невистини со „бомбастични“ наслови во јавноста.
Патем, лагата е разобличена веднаш бидејќи станува збор за Иван Иванов од Кочани, пратеник и мој поранешен колега од Собранието, како и Анастасија Илиеска од Прилеп, вработена во УЈП.
Затоа, луѓе од СДСМ, опаметете се и престанете со измислиците и лажните вести бидејќи станавте партија на луѓе без интегритет, без дигнитет, без достоинство. Станавте партија за потсмев во Македонија, но и пошироко.
И запомнете, ВИСТИНАТА секогаш е посилна од ЛАГАТА !”, напиша Никола Мицевски.