Свет

Израел: Убиен воениот командант на Хамас

Војската на Израел соопшти дека воениот командант на Хамас Мохамед Деиф бил убиен во воздушен напад во Појасот Газа минатиот месец.

Деиф беше цел на напад врз комплекс во областа Кан Јунис на 13 јули. Хамас се уште не ја потврдил неговата смрт. Израел вели дека Деиф бил еден од луѓето одговорни за планирање на нападите на 7 октомври во јужен Израел во кои загинаа 1.200 луѓе.

Израелското соопштение доаѓа по атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаел Ханије, кој беше убиен во Техеран, и високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз либанската престолнина Бејрут.

Во соопштението на израелската војска се вели дека „по разузнавачка проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф бил елиминиран“ во нападот на 13 јули. Здравствените власти во Газа, управувана од Хамас, тогаш соопштија дека во воздушниот напад загинале повеќе од 90 луѓе, но негираа дека Деиф е меѓу загинатите.

Мохамед Деиф беше шеф на бригадата Изедин ал Касам, воениот огранок на движењето Хамас. Израелските власти го затворија во 1989 година, по што формираше бригада со цел да ги фати израелските војници. Израел го обвини дека планирал и надгледувал бомбашки напади во автобуси во кои загинаа десетици Израелци во 1996 година и за вмешаност во апсењето и убиството на тројца израелски војници во средината на 1990-тите.

Познато е и дека помогнал во изградбата на тунели кои им дозволувале на борците на Хамас да влезат во Израел од Газа.

На почеток