Спорт

Боксерски клуб – Скопје: Само затоа што некој не се вклопува во класичните рамки на женската убавина, не значи дека не е жена

„Иако нешто е “чудно” во целата бура од информации и дезинформации, дозволете ни да Ве информираме. Само затоа што некој не се вклопува во класичните рамки на женската убавина, не значи дека не е жена. Боксерката од Алжир е родена како жена, не е транс-жена или маж (читај внимателно). Таа има повисоко ниво на тестостерон, што ѝ дава природна предност во спортот, слично на големото стопало на Јан Торп во пливање или предноста на Кенијците во трчање“, велат од Боксерски клуб – Скопје и додаваат:

Жените поминаа долга и тешка борба за да излезат од времето кога спортистките (жените) мораа да примаат терапија за намалување на нивото на тестостерон, што беше дискриминација и тортура. Сега жените се слободни од тие окови.

На оваа Олимпијада нема транс-жени. Италијанската спортистка се повлече затоа што не беше доволно добра, а не затоа што се натпреваруваше со маж. Алжирката во нејзината кариера има доживувано и порази, и тоа со нокаути. Алжирската боксерка беше присутна и на Олимписките Игри во Токио, но тогаш немаше лажни вести иницирани од Светската Федерација за Бокс. Сега ги има, бидејќи Федерацијата е исклучена од ИОК поради финансиска нетранспарентност!

За сите жени (а и мажи) во спортот, читајте повеќе и информирајте се. Оваа пропаганда е на наша штета.

Screenshot

На почеток