Шест повредени во четири сообраќајки во Скопје: двајца малолетници меѓу петмината со тешки повреди
На 03.08.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Булачани, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата малолетна сопатничка од село Арачиново-скопско, а со телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.08.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(51) удрило во С.Л.(64), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.08.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Горно Коњари- Средно Коњари, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(44) од Штип и трактор управуван од А.Р.(51) од село Долно Коњари, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(44) удрило во Н.Ј.(74), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.