(Видео) Да и помогнеме на МТВ да научи чиј премиер е Курти
Косовскиот премиер Албин Курти е премиер на Албанија, а гледате „Дневник“ на Македонска телевизија. Вака изгледаше неговото претставување од страна на уредничката и новинарка Сузана Фиданоска-Стоевска. На социјалните мрежи има коментари дека е дилетантизам да бидеш уредник во јавниот сервис, а да не знаеш чиј премиер се сретнал со вашиот.
Интересно е што Фиданоска-Стоеска ја прочита најавата, го најави новинарот, но не застана и не се поправи. Можеби некој ќе рече лапсус, но за тоа треба извинување и повторување на веста.
Граѓаните посочуваат дека јавниот сервис го плаќаме сите и за тоа треба да добиеме квалитет и професионалност.
„Наместо огромните плати и варијабили кои си ги делат, може да им се организираат обуки од повеќе области“, се вели во коментарите.
МРТВ ја „јаде“ времето. Се ветуваа измени и промени – но не се случија, како во делот на управниот и надзорниот одбор, така и на раководната структура.