Скопје

(Видео) „Ова е невидена катастрофа, ќе ви се згади животот, се срамам што живеам во овој град“, жител шета туристи и снима отпад кој стоел со месеци

Плоштадот „Филип Втори“ тоне во отпад, сведочи граѓанин, кој додава дека ова трае со месеци и години. Од снимките кои ги направи во живо се гледа зафрлена пластика, кеси и друго ѓубре.

„Ова е од луѓе кои не почитуваат ништо, а како што гледате и не постојат никакви комунални служби кои би дошле и подзачистиле, за да може барем строгиот центар на градот да заличи на нешто нормално и да престанеме да се срамиме од луѓето што доаѓаат во Скопје. На сите страни има пластични шишиња, некој јадел американски крофни, надолу накај Камени мост не се ни симнувам, ќе ви се згади животот. Ова е невидена катастрофа, се срамам што живеам во овој град“, вели објавувачот, кој беше придружуван од група туристи.

И скопјани со куп замерки за раководењето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, директорите на претпријатијата кои таа ги назначува и самите претпријатија. Интересно е што и општините реагираат за ненавремено собирање на смет, а пак, „Комунална хигиена“ откако ќе го собере праќа деманти дека ете, реагирале. Дополнително, најчесто комуналците не го собираат сметот што е околу контејнерите.

На почеток