Македонија

Митровски:Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?

Се заоструваат реакциите околу инцидентот со претседателкатата на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.
Со свој став се огласи и адвокатот Јанаки Митровски. Еве што напиша на ФБ:

„Африм Гаши чија Алтернатива пред да стане дел од ВРЕДИ беше на ниво на статистичка грешка, го крши Законот и праќа вооружени битанги да претат на овластени службени лица. Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?
Алтернатива не тежи повеќе од 10.000 гласови, сега е време Мицковски и Меџити да му ја покажат излезната врата на Гаши и да бе убедат дека над Законот навистина никој не е”, напиша Митровски.

На почеток